Четирикоморниот ПВЦ систем Q60 е првиот ПВЦ систем развиен од страна на„ЕТЕМ“.
Станува збор за систем на профил од класата „А“, кој се карактеризира со класична линија на дизајн и одлични технолошки параметри.
Развиен во согласност со стандардите и барањата на ЕУ, ПВЦ системот Q60 е дизајниран да обезбедува целосна серија производи кои дозволуваат остварување на сигурни решенија за секој проект.
Системот е погоден за примена и кај нови, но и при реновирање на веќе постоечки згради.
Индексот за пренос на топлина на прозорци со Q 60 е U= 1,33 W/m2K а индексот за намалување на звучноста Rw= 37 dB. Калциум-цинковите стабилизатори искористени во производството на профилите обезбедуваат влијание кое не е штетно за животната средина, ја подобруваат стабилноста на надворешниот слој на профилот и обезбедуваат целосно рециклирање.
* ECS Системи за заштеда на енергија