За Нас

Tempo Profili 99 > За Нас
Image

За Темпо Профили 99

Темпо Профили 99 се занимава со продажба на алуминиумски профили, ПВЦ профили, панели, украсни панели, аксесоари за алуминска и ПВЦ столарија како што се брави, ментешиња, електрични прифатници, гелендери, механизам за ПВЦ, пурпени и др. Продажба на алуминиумски ролетни, продажба, изнајмување и сервисирање на генератори од реномираниот бренд GUCBIR.

Темпо Профили 99 е основана во 2011 година и е наследник на реномираната компанија Темпо 96, компанија со долга традиција. Како новитет, од 2018 година започнува со работа и електростацката фарбара за фарбање на алуминиумски профили, соогласно потребите на нашите клиенти.

Во 2018 година Темпо Профили 99 ја проширува својата дејност и започнува со работа електростатска фарбара за фарбање на алуминиум, опремена со најнова опрема и стручен кадар. Електростатското фарбање претставува најефикасен начин на финална заштита на металот. Со примена на овој начин на нанесување на боја, се гарантира врвна заштита и квалитетна боја на металот. Електростатското фарбање обезбедува одлични резултати, како во поглед на постојаноста на бојата, така и во естетскиот поглед. Се заснова на површинско нанесување на прав, полимеризација на правот на одредена температура.

Пластифицираниот слој, освен што е одлична заштита од корозија, отпоран е на топлина и абразија. Пластифицирањето ги задоволува современите еколошки стандарди, т.е за околината и за здравјето е најприфатениот облик и метод на обнова на металот. Освен наведените својства, овозможува неограничен избој на бои, различни површински структури. Фарбањето се изведува во сите тонови на меѓународни RAL ознаки. Бојата е исклучително издржлива и перфектво се врзува за алуминиумот, додека процесот задолжително започнува со одмастување со киселина и вода, после нанесувањето на бојата со комресор се отстранува вишокот на боја и процесот продолжува со печење на околу 400°С.
0+

ПВЦ Профили

0

ПВЦ Столарија

0

ПВЦ Панели

Мисија

Нашата мисија е да ги направиме нашите клиенти задоволни и да ги поверуваме во нашиот квалитет и квантитет во секое време од нивната потреба. Врз основа на конкуренцијата, нашиот следен предизвик е да создадеме бренд на пазарот и да бидеме поинакви од другите со конкурентни цени.

Визија

Нашата визија е да ја направиме нашата компанија една од најуспешните компании со долгорочна стратегија и професионален менаџерски тим, следејќија нашита цел. Ќе продолжиме да увезуваме нови производни линии и ќе го прошириме нашиот магацин.

Темпо Профили 99 е македонска компанија која се занимава со продажба:

Листа на продукти

АЛУМИНИУМСКИ ПРОФИЛИ
ПАНЕЛИ
ШТРАФОВИ
ДРЕНКИП МАХНИЗМИ
ПУРПЕНА​

ПВЦ ПРОФИЛИ
БРАВИ И ЦИЛИНДРИ
СПОЈНИЦИ
ЖЕЛЕЗО ЗА ПВЦ
ВЕНТУС МЕХАНИЗМИ ЗА ПРОЗОРИ
АКСЕСОАРИ

ГЕЛЕНДЕРИ И АКСЕСОАРИ
РАЧКИ
МЕНТЕШИЊА ЗА ВРАТИ И ПРОЗОРИ
КОМАРНИЦИГУМИ
ГУМИ