Обезбедува идеално решение во местата кои бараат најдобар начин за искористување на сончевата светлина во индустриските згради.
Оштетувањето на застаклувањето може да биде опасно и скапо, но кровните панели Rainbow нудат одлична заштита од зрна град, вандализам и ненамерно оштетување со влијание. Отпорност до 125 пати поголема од стаклото. Оваа карактеристика се одржува за широк температурен опсег и продолжен животен век. Кровниот панел Rainbow ќе ги задржи неговите физички карактеристики при екстремно временски услови што го прави идеален систем за застаклување низ целит свет. Кровниот панел Rainbow може да поднесе екстреми температури од -40ºC до 100ºC долгорочно изложување и до130ºC при краткорочно изложување. Ниту еден друг материјал за застаклување не може да ја понуди оваа комбинација од отпорност на влијанија и широк работен температурен опсег.
Кровниот панел Rainbow има слој за апсорпција на UV зрачењето со високи перформанси, со коекструдирана површина од надворешната страна на панелот. Овој заштитен слој спречува штетното UV зрачење да навлезе во плочата со цел одржување на долгорочна оптичка јасност и механичка јакост.
Со пренос на светлина од 52% за јасни панели и ниска изолациска вредност од 1,60 W/mqºK, кровниот панел Rainbow ја доведува до максимум употребата на природната светлосна енергија. Високо изолационите карактеристики на панелот помагаат во регулирањето на температурата во внатрешната средина за поефикасно работење на системите за греење и ладење. Во прилог на тоа панелот дозволува природната светлина да навлезе во зградата, намалувајќи ја потребата за вештачко осветлување. Ваквата употреба на природна светлинска енергија го намалува испуштањето на CO2 и влијанието на зградата врз животната средина.
Поликарбонатот има добра отпорност на многу хемикалии (со исклучок на растворите и силните алкалии) па затоа често соодветен за употреба во агресивни средини.
Кровниот панел Rainbow покажува одлични противпожарни перформанси и во случај на пожар истиот ќе омекне и ќе се отвори, дозволувајќи чадот, топлината и гасовите создадени од пожарот да излезат надвор. Ваквата карактеристика на „вентилација“ значи дека штетата во внатрешноста на зградите може да биде ограничена.