Системот со петкоморен ПВЦ профил Q72 развиен од страна на „ЕТЕМ“ е профил од „А“ класа, развиен согласно зголемените европски прописи за згради.
Станува збор за висококвалитетен и сигурен систем со одлична термална Uw=0,74 W/m2K и звучна изолација Rw=47 dB, понуден во голем број на дрвени финиши и RAL бои со алуминиумски покривни капачиња.
ПВЦ системот Q72 е дизајниран да обезбедува целосна серија производи кои дозволуваат остварување на сигурни решенија за секој проект. Системот е погоден за примена и кај нови, но и при реновирање на веќе постоечки згради. Калциум-цинковите стабилизатори искористени во производството на профилите, обезбедуваат безопасно влијание врз животната средина, ја подобруваат стабилноста на надворешниот слој на профилот и обезбедуваат целосно рециклирање.
* ECS Системи за заштеда на енергија