Шупливиот поликарбонат е честопати именуван и како структурен поликарбонат, целуларен поликарбонат, канален поликарбонат или поликарбонат за различни видови ѕидови. Дефиницијата «целуларен» се користи заради неговата посебна внатрешна структура. Воздухот, кој е присутен во просторот (клетките) меѓу преградните ѕидови во внатрешноста на поликарбонатната плоча (наречени комори), обезбедува термоизолациски карактеристики, а постојните зацврстувачи (разделувачи), осигуруваат одлична структурна крутост и флексибилност на поликарбонатната плоча во исто време.
Поликарбонатните шупливи плочи нудат највисоко ниво на застаклување каде транспарентноста заедно со високата издржливост при удар е од суштинска важност. Тие имаат одлични физички, механички, електрични како и топлински карактеристики кои ја објаснуваат нивната висока репутација во градежната и декоративната индустрија. Тие се продаваат насекаде низ светот, давајќи голем придонес во убавиот живот на потрошувачите. Нивната повеќенаменска употреба ги прави идеален избор за застаклување во болници, училишта, спортски области и јавни инфраструктурни проекти. Достапни се во проѕирни и текстурирани финиши.